Деветкратниот шампион на „Ролан Гарос“ Рафаел Надал е првиот полуфиналист во Париз, откако неговиот сонародник од Шпанија, Пабло Карењо Буста го предаде мечот при резултат 6:2 и 2:0 за Надал.
Мечот траеше само 52 минути по што Буста поради повреда беше принуден да се повлече.
Противник на Надал (4.носител) во полуфиналето ќе биде Доминик Тим (6.носител) од Австрија кој беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ со максимални 3-0 во сетови.
„Ролан Гарос“ се игра за награден фонд од 16.790.000 евра.