Пороен дожд, засилен ветер и град на повеќе места попладне

Од:

Денеска попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Метеоролозите најавуваат дека и во скопската котлина попладне и во вечерните часови ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

Утре услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи ќе има во јужните делови од земјата, особено во првата половина од денот. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Од утре попладне, па во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски