ОН: ИД уби 163 цивили во Мосул за еден ден

Од:

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин ја обвини ИД дека убила 163 луѓе кои на 1 јуни се обиделе да побегнат од ирачкиот град Мосул.

– Бруталноста на ИД и на други терористички групи не знае за граници, изјави Зеид пред Советот на ОН за човекови права.

– Вчера бев известен дека тела на убиени мажи, жени и деца се уште има по улиците на квартот Шира во западниот дел од Мосул откако ИД уби 163 луѓе со цел да ги спречи да избегаат, истакна Зеид.

Тој додаде дека во квартот има и луѓе кои се во неизвесност. Според портпаролот на Зеид, ликвидирањето се случило на 1 јуни.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска