Сопственикот и претседател на новиот европски шампион Вардар им се заблагодари на навивачите за огромната поддршка што клубот ја имаше во текот на целата сезона како и во претходните години.
– На почетокот на сезоната дојдоа нови играчи. Јас разговарав со Чипиќ кој ми рече: „Шефе паметно работиш, ме зема мена за да ја освоиш Лигата на шампионите“. Арпад ми рече пред тргнувањето во Келн да се правиме како да сме туристи, а да одиме таму за да го освоиме трофејот. И го освоивме. Сакам да ви кажам дека пред финалето, на состанок им кажав: „Само нашите навивачи слушајте ги, друго ништо“. Кај вас има посебна енергија и ние ја чувствуваме. И денеска кога доаѓавме од аеродром гледав многу луѓе со солзи радосници и со исполнети срца. Уште еднаш благодарам многу, ова е ваша заслуга, рече Самсоненко.