Ќе се заштити петвековниот даб „платан“ кај селото Бели. Општина Кочани подготви елаборат за негова реставрација и конзервација.
Преку Центарот за развој на Источниот плански регион, со подршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, елаборатот е доставен до Министерството за животна средина за обезбедување финансиски средства.
И Советот на Општина Кочани донесе одлука за заштита на дабот поради што одвои средства од буџетот.
Дабот кај село Бели во 2012 година страдаше од гром по што беше саниран. Но, според градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, неопходно е да се направат конзерватирски активности за заштита и продолжување на векот на траење.
Дабот кај село Бели е интересна туристичка дестинација и место за одмор за голем број жители на Кочани и соседните општини.