Организаторот на играта на Вардар Лука Циндрќ, по слетувањето во Скопје изјави дека освоената титула европски шампион претставува огромен успех за ракометот и спорт во Македонија.
– Се уште не сме свесни што направивме. Ова е историски резултат. Пресреќни сме и им благодарам на сите на поддршката што ни ја даваат, рече Циндриќ.
Хрватскиот репрезентативец беше јунак во полуфиналниот дуел со Барселона на Ф4 во Келн каде во последната секунда постигна гол и му обезбеди финале на Вардар во кое црбвено-црните на сличен начин го совладаа ПСЖ.