Пречек за ракометарите на шампионот Вардар

Од:

Градот Скопје денеска на плоштадот „Македонија“ организира пречек на ракометарите на ракометниот клуб „Вардар“, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија.

Ракометарите на РК „Вардар“ се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11:15 часот. Оттаму, тие ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.

Оттаму шампионите на РК „Вардар“ ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.

Во 13 часот се очекува ракометарите да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.

По повод освојувањето на европската клупска шампионска титула на РК „Вардар“ ЈСП „Скопје“ организира бесплатен автобуски превоз за дочек на ракометарите на аеродромот „Александар Велики“.

Автобуси кон аеродромот „Александар Велики“ ќе тргнат од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.

Во Ѓорче Петров автобусот тргнува од црквата „Свети Петар и Павле“ во 9:30 часот, со застанување кај City Mall, Хотел „Карпош“ (наспроти Хотел „Карпош“ кон центар) и Македонски Пошти.

Во Кисела Вода тргнува од почетен терминал на линија 24 во 9:30 часот, со застанување на кај просториите на општината Кисела Вода, кај Транспортен Центар (Бензинска пумпа Макпетрол) и кај Алкалоид во Автокоманда.

Автобусот од Аеродром тргнува од ТЦ „Скопјанка“ (пред Тобако 2) во 9:30 часот, со застанување кај Т.Ц. Бисер, Пошта (Ново Лисиче), кај ФФМ во Ново Лисиче и кај слаткарница „Шарлота“ (автопат на излез од Маџари).

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски