Македонската амбасада во Бразил упати посебна честитка до Рожерио Мораес, кој е првиот Бразилец што ја освоил европската клупска титула во ракомет.
– Посебни честитки за Рожерио Мораес Фереира првиот Бразилец кој што ја освојува титулата во Лигата на Шампионите на ЕРФ (во машка конкуренција), напиша најновата македонска амбасада на својата фејсбук страница.
Високиот Бразилец се придружи на Вардар во 2016 година и при прославата на историската победа во Келн се развеа и зеленото бразилско знаме.