Во организација на Асоцијацијата на здруженија на инженери-инженерска институција на Македонија и „ЕВН Македонија“ денеска во Скопје ќе се одржи конференција „Жени во енергетика“, прва од ваков вид во регионот.
Целта е да се подигне свеста за важноста од родовиот баланс во енергетскиот сектор и да се идентификуваат соодветни стратегии и програми коишто ќе помогнат за споделување на знаења и искуства со лидерите, вработените и професионалците од енергетскиот сектор. Исто така конференцијата ќе помогне за споделување на знаење и соработка во градење на врски и развој на професионални мрежи.
На конференцијата ќе се обратат Штефан Петер – претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Микаела Швајцер-Блухм од Амбасада на САД во Македонија, Џозеф Мезло – основач на Рудис груп интернационал, Клер Новак – консултант во областа на човечки ресурси и лидерство, Диана Гутиерез од УНДП и Христина Спасевска, професор на ФЕИТ- Скопје.