Арифи ја прими Ванковска како претставник од РЕКОМ

Од:

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи денеска се сретна со јавниот заговарач на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства (РЕКОМ) во Македонија, професор Билјана Ванковска.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, за време на средбата Ванковска информираше за досегашниот тек на иницијативата и поддршката во рамки на Македонија, особено од државните институции, како и од шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Аиво Орав.

– Вицепремиерот Арифи истакна дека регионалното помирување е важен аспект на процесот на европска интеграција на земјите од Балканот и редовно се следи од претставниците на Европската унија. Таа, исто така, посочи дека градењето на меѓуетничките односи во земјата е еден од главните приоритети и е дел од активностите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво. Во тој контекст Арифи искажа поддршка за сите инцијативи кои придонесуваат за унапредување на регионалната соработка и градењето на доверба меѓу народите, се вели во соопштението од СЕП.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството