А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна реализацијата на проектот „Превенција од илегална миграција“

by А1он18/12/2012 - 15:52350
Share0

Во гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ денеска почнаа активностите од проектот „Превенција од илегална миграција“, што го реализира Регионалниот центар за гранични работи Југ од Кавадарци во соработка со министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со поддршка од мисијата на ОБСЕ.

Добивај вести на вибер

Проектните активности се реализираат во форма на едукативни работилници кои, освен во Гевгелија како пилот град, ќе се организираат уште во 20 средни училишта во Македонија.

Целна група на проектот се учениците од трета и четврта година, како и нивните наставници и родители.

– Целта на проектот е јакнење на превентивната улога на полицијата преку проактивниот пристап на соработка со заедницата, делување на свеста на учениците како најранлива категорија потоа оневозможување односно одвраќање од можноста за илегална миграција во потрага за учење, студирање или работа во странство и нивно упатување кон начините на легална миграција, истакна во своето излагање Ивица Дуков, Виш полициски советник во Регионалниот центар за гранични работи Југ.
Презентери на темата беа инспектори по превенција и илегална миграција, а на прашања од учениците одговараа претставници на Министерството за труд и социјална политика.

gevgelijamigranti

Би можело да ве интересира

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Горан Наумовски24/04/2026 - 11:26

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски12/04/2026 - 14:13

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2724/02/2026 - 09:42

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Горан Наумовски23/02/2026 - 11:14

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 09:5118/02/2026 - 13:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто