Клиниката за инфективни болести праќа извршители за сметки кои се платени пред повеќе од 2 години. Според информациите до кои дојде А1он, нотарски барања за присилна наплата пред извршување се испратени на над 300 лица. Стојка Колариќ е една од лицата на кои дома им стигнале нотарски писма дека се должни на клиниката за инфективни болести и доколку не платат во рок од 8 дена, наместо 1.200 денари ќе треба да плати 20.000 денари.
– Бев во клиника на 7.2.2015 година, а два дена подоцна платив за прегледот. Сега, ми доаѓа да платам многу повеќе преку нотари и адвокати. Прегледот чинеше 380 денари, а сега, освен 1200 денари за прегледот, треба да платам и за адвокатски и нотарски трошоци, што вкупно чини над 6.000 денари, вели Колариќ, за А1он.
Таа вели дека е технолошки вишок и нема толку пари да плати. Додава, никому не должела, најамлку на државата, но дека нема намера да плаќа двапати за прегледот и за трошоците на адвокатот и нотарот.
– Докторката си напуштила, немам никаква информација каде да се обратам. Во клиниката не сакаа да ме сослушаат, па напишав жалба бидејќи се ми е подмирено. Писмото наводно било пратено на 16.02.2015 година, а до сега такво нешто ми немаше стигнато дома. Сега, по 2 години ми испраќаат писмо дека ќе ми ја блокираат сметака, вели Колариќ.
Таа вели дека е чудно како иако имала оставено контакт телефон и адреса, досега не и го доставиле предупредувањето од 16.02.2015 година, а сега, кога преку адвокат и нотар и се закануваат со извршител успејале веднаш да и ги достават документите.
Александар Тодески