Холандски туристи во Берово и Малешевијата

Од:

И оваа сезона Малешевијата е приоритетна дестинација за холандските туристи, љубители на планината.

– Имаме резервации од холандски туристи за цела сезона. Досега поминаа две групи Холанѓани. Тие се наши традиционални гости, а најмногу се заинтересирани за прошетки по Малешевските Планини, за традиционалната храна, историските знаменитости и за се што ја прави Малешевијата уникатна. Посебно ги интересираат планината и шумските плодови, условите каде што растат, како се берат и како се произведуваат потоа природните сокови, компоти,… Денеска им организирамеручек на бачило, каде ќе вкусат традиционална малешевска храна, домашно сирење сокови, вели Владо Мишевски од хотелот „Манастир“ во Берово.

Летово само во „Манастир“ ќе има гости од Словенија, Израел, Канада, Австралија, но и традиционалните гости од Бугарија.

Хотелот „Аурора“ е, исто така распродаден, на странски туристи. Сопственикот на „Аурора“ Славе Сирачевски потенцира дека најголем број од гостите, резревациите ги прават преку познатите веб- страници. Според него, изненадува интересот на нашите иселеници кои доаѓаат по неколку дена во Малешевијата.

– Има голем интерес од гости од Косово, Англија, Ирци, Австралија, Америка. Наши иселеници родени во Македонија веќе неколку години доаѓаат во Малешевијата за да поминат по неколку денови. Ние сме подготвени да одговориме на побарувањата на нашите гости и да им овозможиме одмор овде во Малешевијата, рече Сирачевски.

Летната сезона ќе бидат полни и сместувачките капацитети покрај Беровското Езеро, викенд куќите кои најчесто се резервирани од домашни гости од Скопје, Куманово, Штип, но и од бугарски туристи.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ