Сузбиена меѓународна група за трговија со дрога

Од:

Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија при МВР во соработка со надлежните служби за борба против дрога на Албанија и Грција, а во координација со СЕЛЕК Центарот од Букурешт, Романија, во изминатиот период презеле низа мерки и активности со цел сузбивање на меѓународна организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога. Во рамки на спроведената истрага, на територијата на Македонија во изминатиот период беа реализирани два случаи на недозволена трговија со марихуана, во кои беа пријавени четири лица македонски државјани, соопштуваат од МВР.

По обезбедени докази од претходно реализиран случај во рамки на оваа истрага, завчера (31.05.) Единицата за недозволена трговија во координација со Јавниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и СВР Охрид ги лиши од слобода лицата К.Х. (48) од Струга и С.А. (34) од Скопје, идентификувани како членови на меѓународната криминална група. Против двајцата, како и против двајца албански државјани С.А.Д. (43) и А.Ќ. (44) до ОЈО за гонење на организиран криминал е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Р.Македонија.

Имено, врз основа на спроведена истрага утврдено е дека К.Х. заедно со С.А. во февруари годинава организирале набавка на 38.955 килограми марихуана од НН лица од Албанија, по што К.Х. заедно со двајца албански државјани С.А.Д. и А.Ќ., двајцата од Поградец – Р.Албанија, организирале истата да биде пренесена од Албанија во Македонија по водите на Охридското езеро. Марихуаната била пренесена од страна на лицето А.Ќ. со моторен чамец, а на брегот од езерото во близина на с.Калишта била превземена од лицето Ф.И. – член на оваа организирана група (кривично пријавен во февруари годинава во реализиран случај и заплена на 38.955 кг. марихуана) кој ја однел дрогата во неговата куќа во с.Калишта, со цел истата да му ја предаде на К.Х., а тој да ја продаде на лицето С.А.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола – Прилеп

А1он

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора

А1он