Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени, а дневната од 24 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 32 степени.
Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.
