Садула Дураку денеска ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање од досегашниот министер Башким Амети.
– Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците, тековните и идни проекти на Министерството за животна средина, Дураку вети дека ќе продолжи да ја имплементира програмата на Владата заложувајќи се за здрава и чиста животна средина во интерес на сите граѓани во Република Македонија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Досегашниот министер Амети му посакал успешна работа на новоизбраниот министер, нагласувајќи дека неговото претходно искуство како министер и градоначалник се голема предност во успешното извршување на функцијата, министер за животна средина и просторно планирање.