Извршено примопредвањето на министерската позиција во Министерството за финансии

Од:

Во Министерството за финансии на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за финансии.

Новиот министер за финансии д-р Драган Тевдовски го презеде кабинетот од својот претходник Кирил Миноски кој ја извршуваше оваа функција од јуни минатата година.

По примопредавањето министерот за финансии Тевдовски изврши обиколка на секторите во Министерството и се запозна со вработените.

Тевдовски на министерското место доаѓа од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, каде е вонреден професор и ги предава предметите статистика за бизнис и економија, квантитативни методи во финансии, како и анализа на временски серии на последипломските студии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација