Утре и задутре невреме со пороен дожд и ветер

Од:

Дестабилизирање на времето утре и в сабота најавуваат метеорлозите. Според најавите на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР соопштија дека локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме.

Во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, грмежи, појава на град и засилен ветер.

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност, која ќе проследена краткотраен дожд и грмежи, засилување на ветерот, а не е исклучена и појава на ситен град.

Повеќе услови за нестабилнот ќе има во западниот и северозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски