Министерот за култура Роберт Алаѓозовски е роден 1973 година во Струмица. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје, а подготвува и докторска теза од областа на културниот менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Член е на Друштвото на независни писатели на Македонија. Има објавено повеќе книги и е добитник на неколку награди.
Во 2006 година Алаѓозоски стекнал Европска диплома по културен проектен менаџмент во организација на фондацијата Марсел Хиктер од Брисел, од 2005 – 2014 година бил претседател на Европската мрежа на менаџери во културата Оракл со седиште во Брисел, а од 2008 е член на педагошкиот тим на Европската диплома по културен проектен менаџмент со седиште во Брисел. Бил член и на уредувачкиот одбор на слисанието Сараевски тетратки.