Влатко Грозданоски и Благоја Љамчевски се збогуваа до македонскиот првак Вардар. Пред почетокот на последниот натпревар сезонава во Првата лига против Силекс кој заврши без голови 0:0, двајца фудбалери се збогуваа од вардаровиот дрес.
Влатко Грозданоски го одигра својот последен меч во кариерата, односно реши да стави крај на својата богата играчка кариера. Тој доби и пригоден подарок, урамен дрес со бројката 144 што симболично го преставува бројот на одиграни натпревари во црвено-црниот дрес на Вардар.
Љамчевски заминува од клубот и тој ќе биде слободен играч претстојново лето.
Од таборот на Силекс, пак, признание доби голманот Горан Симов, за долгогодишниот придонес за клубот.