Не сум економист но едно знам најтешко е една фирма кога ќе влезе во стечај , многу е тешко , дури и невозможно да се успее повторно да се исправи на сопствени нозе. Подучен од времињава во кој живеевме една цела деценија под раководство на класична криминална банда оваа наша држава , фирма на братучедите и нивните слуги навистина ни покажа како се внесуваат фирмите во стечај и како се уништуваат.
Можат слободно да си го сертифицираат нивниот метод и тоа да влезе во книгите за млади криминалаци. Едно време кога излегуваа и за своите најголеми катастрофи збореа со епитет дека такви моменти ќе се учат од книгите навистина докажаа дека тие достигнувања биле само за во книга ама за во книга- Како да се стане кириминалец? Бестселер ќе е тоа дело.
Навистина овој пат и после сите крвави случувања разбравме дека причината е во милијарите, народните 12 милијарди за кои беа спремни на се дури и на братоубиствена војна. Подведените и заблудени крвници летаа врз сопствениот народ, врз сопствените сограѓани, комшии, роднини.
Овој пат ќе бидам навистина среќен да го кажам следното Македонија доби чисто небо и полни едра и последна шанса за да и се случи чудо. Да ова мало компактно државиче навистина остане со епитетот оаза на мирот и да од фирма во пропаст и стечај стане гордо повикувана земја која ќе е ценета од сите народи и пример за соживот. Конструктивниот момент го гледам во новите лица кои со чесност после долгата и нерамноправна борба ќе ја раководат оваа држава.
Нам тие луѓе ни даваат светлина на крајот од тунелот, тие луѓе ќе се трудољубиви, искрени, транспарентни и човекољубци. Луѓе кои ќе соединуваат и кои ќе творат во името на граѓаните во името на иднината на поколенијата кои следат. Повеќе никогаш не би сакал да се навратам на се што проживеавме и доживеавме ама едно знам дека секогаш ќе се трудам да останам доследен во тоа што го работам а го работам со жар, елан и љубов, љубов кон сопствениот народ кон сопствената државаa се надевам исто и вие. Ние сме една кошница во која ако сите допринесуваме се трудиме , сплотено градиме и работиме ќе имаме резултати за почит. Научивме голема историска лекција дека на лагата навистина и се кратки нозете.
Дека со илузија и заблуда не се гради иднина не се води држава . Дека само заедништвото ја носи државата напред а не поделбата. Свативме од бандава штоавтентично и пластично ни покажа што значи сето тоа и како грозно и крваво изгледа. Лекцијата ќе ни е во трајно сеќавање . Од денес сакаме богата држава, сакаме добро народно здравство , сакаме соживот, со еден збор сакаме СЛОБОДА, слобода која пристигна и во која сите ние ќе сме дел, карика во создавањето на едно големо пишано дело – Како се спасува државата (фирмата) од пропаѓање.
Капитално дело кое ќе ни ги води идните генерации кон подем и кон слободоумие, слободоумие за да ние станеме тоа што сите го посакуваме да станеме ГОЛЕМИ иако сме мали. Мислам дека овој пат навистина го можеме тоа.Гледам над нас ведро небо и многу позитивна енергија мракот и чемерот заминаа, а и да како за потсетник , втор поправен никогаш нема да имаме.
Ангелчо Андоновски