Адеми до Димовски: Има или не албанска платформа вие добро знаете, беше кај вас до 29. јануари

Од:

Пратеникот на ДУИ Џеват Адеми од собраниската говорница рече да не биле ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поставеле партискиот за државен грб.

„Дали има или нема албанска платформа вие добро знаете, беше кај вас до 29. јануари. Друго прашање е дали сум јас сум стар или нов пратеник и дали ДУИ бил опозиција кога бевме во колација. Да не бев опозиција,за државен ќе го имаме грбот на партијата. И ќе имавме слободни финансиски зони. Вие знаете добро што значи тоа“, рече Адеми.

Им простувам, рече, на сите и на тие со испран мозок.

„Сигурен сум дека во оваа влада што утре ќе ја гласаме нема да видиме лошо бидејќи ние пратениците тоа нема да го дозволиме. Ве повикувам колеги сите да бидеме дел од успешната приказна за демократска Македонија“, изјави Адеми

Тој нагласи дека пред новиот мандатар престои голема работа, а пред се во делот на санирање на штетите кои ги остави зад себе владата која 11 години, како што рече владеела со Македонија.

Претходно Илија Димовски, обраќајќи се до Адеми, рече дека жали за грешката што ја направиле и толку години биле во коалиција со ДУИ.

„Не можам да сфатам, зошто толку толку критики кон нас, кога бевте на чело на клучни ресори. После ова треба да си го преиспитаме односот кон гласачите Албанци во Македонија. Но тоа е поука и за СДСМ. Треба ваште зборови да не ги прифаќа здраво за готово. Жалам за грешката што ние сме ја направиле. Едно е тоа што ќе го ветите, друго е она што ќе го исполните. Дури не одговоривте дали има или нема албанска платформа“, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште