Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години е првата од младите категории која ќе ги започне активностите за настап на претстојното Европско првенство. Идната недела 18 кошаркари повикани во националниот тим ќе го одржат првиот официјален собир.
Собирот е закажан за 6 јуни со почеток во 10 часот, а ќе се одржи во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“).
На списокот на селекторот Мирко Петрески кој во својот стручен штаб ги има уште и Драган Миленковиќ и Дарко Радуловиќ се најдоа:
1. Петар Прентовиќ – МЗТ Скопје Аеродром
2. Дамјан Робев – Вардар
3. Георги Зафиров – ФМП Академија
4. Блажо Митков – Вардар
5. Бојан Серафимов – Вардар
6. Дејан Србиновски – Вардар
7. Михајло Митев – Вардар
8. Виктор Ефремовски – Работнички
9. Андреј Маслинко – Работнички
10. Ранко Мамузиќ
11. Леонид Тодоровски – МЗТ
12. Елвис Хот
13. Димитар Пандев
14. Стеван Глигоријевиќ – АВ Охрид
15. Оливер Двојаковски
16. Андреја Атанасов – Соколи
17. Давид Георгиев
18. Ненад Димитријевиќ.
Македонската репрезентација ќе се подготвува за настап на Европското првенство Б-Дивизија што од 14 до 23 јули ќе се одржи во Романија.