Јавен повик за доделување на Петровденската награда на Кочани

Од:

Согласно одлуката за награди и признанија, општина Кочани го објави јавниот повик за доставување предлози за доделување на наградата за значајни остварувања за развојот на општината и награда за животно дело.

– За наградата за значајни остварувања за развојот на општина Кочани можат да конкурираат поединци, групи творци, екипи и установи, здруженија на граѓани. Наградата е во паричен износ и изнесува пет просечни плати исплатени последните три месеци во Република Македонија, изјави Илинка Атанасова, претседател на Одборот за доделување награди и признанија на општина Кочани.

Општината, како што истакна Атанасова, ќе додели и награда за животно дело за постигнати исклучителни резултати во науката, иноваторството, уметноста, стопанството и земјоселството. Наградата е плакета на општина Кочани за животно дело.

Предлозите можат да се доставуваат до 30 јуни годинава, а наградите ќе бидат доделени на свечената седница на Советот на општина Кочани на 13 јули, на Петровден, кога е и празникот на градот Кочани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот