А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во сеидбата на оризот најзастапени домашните сорти

by А1он29/05/2017 - 13:42947
Share0

Во годинешната сеидба на оризот во регионот на Источна Македонија земјоделците најчесто ги користеа домашните сорти кои се со потврден квалитет, а на одделни места се застапени и три сорти на турски ориз.

Добивај вести на вибер

– Во сеидбата и пролетва земјоделците користеа семенски материјал од домашно производство. Најзастапени сорти на ориз се Монтичели, Сан Андреа, Монтеса и Глорија. Сортите Примариска и Примавера земјоделеците ги насадија во атарите на Блатечко и Прибачевско поле каде што и водата е постудена. Во сеидбата на оризот и годинава земјоделеците ги користеа трите турски сорти на ориз Халиобе, Гала и Ѓонен, кои се регистрирани за роизводство во Република Македонија, изјави Добре Андов од Институтот за ориз од Кочани.

Во регионот на Источна Македонија се насеани само 2.500 хектари со ориз бидејќи сушата и немањето доволни колични вода во акомулацијата Калиманци беа причина сеидбениот план од 5.100 хектари под ориз да биде преполовен.

– Сеидбата успешно е приведена конкрај. На почеток ги користевме проточните води од реките во регионот, како што се Оризарска, Кочанска, Зрновска, Злетовска и Брегалница, а подоцна ја пуштивме и водата од акомулацијата Калиманци по левиот и десен магистрален канал. Моментно во акумулацијата Калиманци има акумулирано 78 милиони метри кубни вода, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.

kocanioriz

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:3428/11/2025 - 14:34

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ18/11/2025 - 16:1118/11/2025 - 22:56

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Горан Наумовски15/10/2025 - 13:50

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Горан Наумовски08/10/2025 - 13:35

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

Горан Наумовски07/10/2025 - 16:07

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски06/10/2025 - 12:0906/10/2025 - 12:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен