Официјално барање да се спречи геноцидот на пастрмката во Охридско езеро

Од:

Спортските риболовци од Охрид и официјално упатија барање за помош, како што велат, да се спречи геноцидот кој се врши врз рибниот фонд во Охридското езеро, до сите надлежни европски и светски институции.

Барањето на помош да го спречиме геноцидот на белвицата (пастрмка) од Охридското Езеро е доставено до: Членовите на комисија за рибарство на Европската Унија, до Комисија за рибарство до Обединети Нации, до пратениците од партиите со зелена идеологија во Европскиот парламент и во Македонија, до многу рибарски асоцијации, федерации и клубови во Светот, меѓународни признати експерти од областа на рибарството, до амбасади на странски држави во Република Македонија.

„За жал светските експерти не можат ни на сон да поверуваат дека може да се врши таков масакар, да се лови пастрмка со мрежи за време на нејзин мрест“, рече за А1, Радован Димитриевски претседател на СРК Свети Апостол Петар од Охрид.

Тој најави дека писма ќе се испраќаат и во текот на наредните неколку дена, откако ги искористиле сите можности за помош да се сопре овој геноцид од македонските институции.

Исто така писмо е пуштено и до УНЕСКО, до нивните партнери во другите држави и до централата на УНЕСКО од каде очекуваме реакција и помош, рече Димитриевски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Двајца струмичани отидоа на риболов во Грција и исчезнаа

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски