Младите и интелектуалците од македонска дијаспора ги земаа работите во свои раце, најавуваат голема активност за менување на сликата на македонските граѓани во странство и враќање на земјата на вистинскиот пат-кон европските вредности.
Многу интелектуалци, млади, успешни Македонци во своите професии од сите континенти се приклучуваат на новата иницијатива-Форум за Заедничка Македонија. Сите тие досега не се препознаваа во реториката на Обединетата македонска дијаспора и имаат намера да го променат стереотипот кој владее во земјава за македонските иселеници и што може од неа да очекуваат.
-Повеќе нема да седиме и немоќно да следиме што се случува во Македонија, ако сме во странство, ние сме секогаш Македонци, а наша земја е Македонија, вели Алексеј Демјански, политиколог од САД.
Тие најавуваат силна активност во странство и лобирање за Македонија, но и критика за секоја власт во земјава која ќе оддалечува од реформите и демократијата. Отфрлаат било каква партиска припадност, напротив, ќе ја критикуваат секоја власт која ќе се оддалечува од реформите и граѓанскиот концепт.
-Демократијата не може преку ноќ да се случи, тоа е процес, ние сметаме дека сега е историска шанса за Македонија за нов почеток каде граѓаните ќе бидат центар на тоа општество, вели Александра Јорданоска, асистен професор на факултет во Велика Британија.
Истовремено се бориме против стереотипите кои постојат за дијаспората, во последните 20 години масовен број граѓани заминаа од Македонија и тоа се млади и образовани луѓе. Тие се дел сега од дијаспората, се надеваме дека сите наши сограѓани во Македонија ќе не гледаат како еднакви и како некои што можат да придонесат земјата да стане демократска држава, вели Јорданоска.
Имаме припадници од други етнички заедници, ние сме отворен форум, Македонија е држава на сите нејзини граѓани и ние сакаме да го покажеме тоа шаренило.
Разликата помеѓу Обединета Македонска Дијаспора е што имаше еден празен простор и ние се обединивме во тој празен простор. Голем дел од дијаспоата не се пронаѓаше во дел од иселеничките организации, вели Демјански.
Да се чујат различни мислења, можноста да се чујат поинакви гласови, да се чуе нешто поразлично од едноцентризам, поинакви вредности од национализам или други конзервативни вредности кои и се препишуваат на исленичката заедница од Македонија. Тука сме да поздравиме кога реформите се одвиваат добро, но и да критикуаме кога реформите не се одвиваат како што треба, вели Јорданоска
Основен поттик беше неможнста од плуралитет на различни мислења, досега во ислеленичката заедница. Пример, во Велика Британија ние не сметавме дека нашите ставови беа претставени преку здруженијата на иселениците, рече
Форумот за демократска Македонија го објави својот проглас на седум јазици, и ги повикува сите што се препознааваат во иницијативата да се приклучат и да го дадат својот придонес за подобра и демократска Македонија, како и за менување на сликата за Македонецот во дијаспората. Нивните активности може да се следат и на Фејсук страната на Форумот.