„Влијанието на националните политики врз инклузијата на Ромите“ e насловот на анализата што ќе ја промовира денеска Ромскиот културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ – Скопје.
Анализата е резултат на активностите во рамки на компонентата: Подршка на невладини организации и слобода на медиуми на ИПА/2015 програмата каде што РКМЦ БАРИКАНИПЕ- Скопје е корисник на подгрант на Здружението за права на Ромите- Штип.
Ромскиот културен и медиумски центар „Бариканипе“ е здружение на млади студенти чија интенција е унапредување на положбата на Ромите во повеќе области, со посебен акцент на анализирање и креирање политики со цел нивно подобрување, зголемување на манифестации и книжевни дела за збогатување на ромската и националната библиотека, како и подобрување на ромското медиумско милје преку продуцирање и обучување на адекватен кадар. за таа цел здружението во свои редови како почесни консултанти имаат реномирани и високо образовани Роми од споменатите области.