(ВИДЕО) Кирацовски: Соодветно да се казнат насилниците кои учествуваа во нападот на пратениците

Од:

„На 27 април не се случи само насилство во Собранието, туку се случи и терористичко загрозување на уставниот поредок. На 27 април во Собранието се изврши планиран организиран и контролиран, за среќа неуспешен обид за убиство на дел од пратениците.

Пресудите на дел од обвинетите кои што ги видоме пред некој ден претставуваат срам за ова судство и се апсолутно несоодветни. Ако судот и обвинителстото продолжат на ист начин да ги третираат и останатите насилници кои се обвинети, им порачувам дека ќе станат апсолутно, соучесници во злоделата од 27 април.

Јавното обвинителство мора посоодветно да се зафати со работата околу расветлувањето на овој случај, мора да се пронајдат сторителите, соодветно да се обвинат и соодветно да се казнат. Во спротивно, ќе се испрати несоодветна порака во јавноста, порака за неказнивост и наместо спласнување на ваквите негативни дејанија, ќе се изврши поттик на истите“, изјави Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски