Основната дејност на јапонската компанија Асахи Касеи е хемиска обработка, но сепак, тие вчера со свој изум се вклучија и во трката на пазарот за електромобили.
Имено, во Јокогама беше претставено новото возило А-Ка-Икс-Ипсилон, којшто хемичарите го изработија во соработка со еден друг јапонски бренд, ГЛМ. Целта на проектот е демонстрација на можностите на современите достигнувања во областа на хемијата, кога станува збор релативно новата, но надежна електромобилска индустрија.
Според креаторите, компатибилноста на вратите и трите седишта, и лесната достапност до нив, се една од најголемите предности на новиот изум.
Електромобилот има 305 коњски сили и се движи со помош на литиумско-јонски батерии.