Тројца полицајци загинаа во двоен самоубиствен напад во Џакарта

Од:

Тројца полицајци загинаа во двоен самоубиствен напад на фрекфентна автобуска станица во индонезиската престолнина Џакарта, соопшти полицијата, цитирана од ДПА.

-Десет лица се ранети во двете експлозии, вклучувајќи и петмина полицајци. Двајцата атентатори, исто така, се мртви, изјави портпаролот на националната полиција.

Нападот бил извршен во време, кога припадниците на полицијата обезбедувале настан по повод едномесечниот муслимански пост Рамазан, што почнува во сабота.

Полицијата во Индонезија често пати беше цел на напади по казнените мерки против исламските екстремисти по атентатите на островот Бали, во 2002 година, во кои загинаа 202 лица. Вчерашниот напад е втор во Џакарта за помалку од две години.

-Засилени се безбедносните мерки на транспортните објекти во Индонезија, јави министерот за транспорт, Буди Карија Сумади, цитиран од ТАСС.

Индонезија, најнаселената земја со доминантно муслиманско население во светот, е цел на мноштво терористички акти, кои од 2000 година до сега го однесоа животот на неколку стотици лица, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници