МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани шампионската титула

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија шампионската титула откако вечерва во мајсторката од финалето на плеј офот го совлада тимот на Карпош Соколи со 86:82 (22:20; 23:21; 19:21 и 22:20). МЗТ Скопје до шестата титула стигна со 3-2 во победи во финалето.

Во изедначен натпревар ниту една екипа не успеа да добие четвртина поголема од два поена. На три минути пред крајот гостинот Карпош Соколи водеше со 78:74, но домаќинот со серија од 11-2 направи пресврт и поведе со 85:80 што се покажа решавачко. Во клучните напади гостите промашија неколку удари за три поени.

Најефикасни кај победникот беа Шарлон Клоф со 29 поени и Ѓорѓе Дреновац со 23, додека кај Карпош Соколи најпрецизни беа Драган Лабовиќ и Кендрик Пери со по 17 поени.

Признанието МВП (најкорисен играч) на финалето го доби Шарлон Клоф од МЗТ Скопје, додека шампионскиот пехар на капитенот Марко Симоновски му го предаде претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он