Изградбата на колекторскиот систем во Кочани во јуни

Од:

Подготвителните активности за почеток на проектот за изградба на колекторот и станицата за прочистување на отпадни води во Кочани се завршени. Градежните работи ќе започнат идниот месец, со што и практично ќе се реализира обемниот зафат што треба да придонесе за современ третман на фекалната и друга канализација во градот и дел од населените места во општината.

Ова беше истакнато на работната средба на Управниот одбор на проектот што се одржа во Кочани и на која беше дадена позитивна оценка на досегашните активности на прокетот, како од страна на општината, Комуналното претпријатие Водовод, така и со мегународниот донатор СЕКО..

– Градежните работи за колекторскиот систем во Кочани ќе започнат годинава. На крајот на идниот месец очекуваме да стартува реализацијата на проектот за филтер станицата за отпадните води во близина на селото Мојанци, истакна Тим Кемптер, заменик проект менаџер.

За реализацијата на проектот финансиските средства ги обезбеди Владата на Швајцарија преку Агенцијата за развој и соработка – СЕКО, која дава грант од 21 милион швајцарски франци, а остатокот од околу 2 милиони евра се од буџетот на Република Македонија.

Изградбата на станицата за прочистување на отпадните води заедно со колекторски систем и придружна опрема, е дел од Проектот за управување со сливот на Брегалница, што го поддрува Швајцарската влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот