МЗТ Скопје и следната сезона во АБА лигата

Од:

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде дел од АБА лигата и следната сезона без разлика на крајниот епилог во домашното првенство. На Собранието на регионалното натпреварување одржано во Загреб, беше договорено лигата да се „затвори“ и листата на учесници однапред да се одреди без разлика на пласманот во националните шампионати.

Челниците на клубовите решија да го намалат бројот на екипи од 14 на 12 со цел да се засили квалитетот како и поради проблемите со календарот со оглед на новиот систем квалификации за Мундобаскетот во Кина.

Така во следната сезона сигурно ќе учествуваат по четири екипи од Србија, три од Хрватска, две од Црна Гора и по една од Словенија, БиХ и Македонија.

Со оглед на фактот што единствено Кошаркарската лига на Србија (КЛС) ја има признато АБА лигата, единствено кај нашиот северен сосед пласманот ќе биде репер по кој ќе се одредат тимовите кои ќе настапат во следната сезона.

Останатите екипи веќе се одредени, а тоа се Цедевита, Задар, Цибона, Будуќност, Морнар, Унион Олимпија, Игокеа и МЗТ Скопје Аеродром.

Причина за ваквата одлука е фактот што ниту една од националните федерации не ја признава АБА лигата, а со цел да се заштитат интересите на тимовите кои важат како основачи на ова натпреварување.

На Собранието во Загреб е решено да се организира и „Суперкуп“ во Бар кон крајот на септември на кој ќе настапат домаќинот Морнар, четирите најдобри екипи од плејофот (Црвена Звезда, Партизан, Цедевита и Будуќност) како и една или три екипи (постојат варијанти со шест и со осум екипи) кои би добиле специјална покана.

Истовремено, решено е да се формира младинска АБА лига на која ќе настапат кошаркари до 19 годишна возраст, која би се играла според турнирски систем. Исто така, најавен е почеток на проектот за формирање Втора лига во која секоја од шесте земји би имала по двајца претставници.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска