Поранешниот министер за здравство на Етиопија, 52-годишниот Тедрос Аданом Гебрејесус е избран денеска за нов генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО).
Битката за оваа функција се водеше меѓу тројца кандидати. Освен Гебрејесус, за функцијата претендираа и Британецот Дејвид Набаро и Пакистанката Санија Ништар.
За Гебрејесус гласаа 133 делегати, а против се изјаснија 70 делегати на годишната сесија на Светското здравствено собрание во Женева. Тој е избран по гласањето во трет круг.
За првпат Африканец ќе ја предводи оваа организација. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 јули од својот претходник, Кинеската Маргарет Чан, која беше директор на СЗО десет години.
Гебрејесус е познат истражувач на маларијата. Тој во своето обраќање истакна дека ќе работи неуморно и вети потранспарентна работа на СЗО.