Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, температури до 23 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во попладневните часови со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 22 степена.

До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, така што времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Во четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Температурата ќе се движи од 14 до 21 степен. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, преку денот ќе има и сончеви периоди, но ќе дува засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски