Доц.д-р Калина Гривчева-Старделова од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија е избрана за претседател на Лекарската комора на Македонија.
Старделова по изборот за медиумите изјави дека ќе се залага да ги доврши сите работи кои се оставени, како и дека ги чека голема работа.
-Сакаме да направиме подобра Лекарска комора, комора со која ние и другите околу нас ќе се гордеат. Имаме многу работа, оставени се работи кои ние треба да ги истражиме, не чека многу работа, ќе направиме добар тим, рече Старделова.
За заменик-претседател на Лекарската комора е избран хирургот Илбер Бесими од Клиничката болница во Тетово.
Од 66 присутни на денешната седница на Собранието на Лекарската комора за Гривчева-Старделова гласале 40 членови, а за нејзиниот противкандидат Ленче Нелоска 24, додека две ливчиња биле неважечки.
Седницата на Собранието на Лекарската комора продолжува попладнево со избор на други органи и тела на на оваа најголема лекарска асоцијација.
Досегашен претседател на Лекарската комора на Македонија беше проф.д-р Кочо Чакаларовски.