Македонската кошаркарска селекција до 20 години ги започнува подготовките за настап на Европското првенство (Дивизија Б) кое во периодот од 14 до 23 јули ќе се одржи во Орадеа, Романија.
Тренерското трио составено од Дарко Радуловиќ, Драган Миленковиќ и селекторот Мирко Петрески ги селектираа кошаркарите за овој турнир.
Повикани за првиот собир закажан за 6 јуни во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“) се следниве 18 кошаркари:
Петар Прентовиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – Вардар
Георги Зафиров – ФМП Академија
Блажо Митков – Вардар
Бојан Серафимов – Вардар
Дејан Србиновски – Вардар
Михајло Митев – Вардар
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Маслинко – Работнички
Ранко Мамузиќ
Никола Талевски – Пелистер
Елвис Хот
Димитар Пандев
Стеван Глигоријевиќ – АВ Охрид
Оливер Двојаковски
Андреј Атанасовски – Соколи
Давид Георгиев
Ненад Димитријевиќ – Хувентуд.
Во рамки на подготвителниот период, пред почетокот на првенството, македонските репрезентативци ќе одиграат пет пријателски натпревари: со Косово (23 јуни); против Полска (30 јуни и 1 јули); со Романија (4 и 5 јули). Сите пријателски натпревари ќе бидат одиграни во Скопје.