Дебата за евроатлантскиот процес на Македонија и политичката криза

Од:

Дебата за евроатлантскиот процес на Република Македонија и политичката криза ќе се одржи денеска во организација на здружението Млади европски федералисти и фондацијата Фридрих Еберт.

Дебатата „Влез во Собрание, излез од криза, влез во ЕУ“ е втората од серијата „Europe Talks” дебати во 2017 година.

Панелистите, како што најавуваат организаторите, ќе ги аргументираат своите тези преку интерактивна дискусија за тоа до каде е Македонија на патот кон ЕУ, притисокот кој го има политичката криза врз ЕУ интеграцијата, политички настани кои ја придвижуваат и оддалечуваат Македонија од ЕУ, влијанието на овие настани врз развојот на демократското општество и прифаќањето на европските вредности, како и посветеноста на европските претставници на решавањето на кризата.

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации