До кога овие луѓе со сериозни обвиненија ќе парадираат со облека сошиена од кожата на граѓаните?! До кога овие луѓе ќе ја сечат артеријата (црвената лента) на овој народ со своите извалкани раце, со тапи ножици налик стари мршојадци чии секачи абразирале од милионитиот плен?!
До кога пред очи ќе ни парадираат со крв на рацете, со наши банкноти во нивните џебовите, со нашите соништа во нивните ревери?!
До кога оваа луда вест ќе биде проследена со иронични коментари. Што е, ако не е лудило, обвинети за кражба и убиство да шетаат како да се избориле за денешницава. Овие луѓе немаат деловна способост.
И тука нема ништо смешно, овие луѓе не’ сардисаа цела декада. Овие луѓе не смее така слободно и јавно да шетаат. И да, не зборувајте ми за човекови слободи и права, зошто тие ми се и поентата. Некој е луд. Или актерите или публиката…
Живееме во паралелна Македонија. Во едната се сечат ленти, во другата се покренуваат обвиненија! Кога касапевте зарем не забележавте дека не тече крв, кератидно е, одамна се натрупале наслаги… Се нема ни за антилипемици…
Дејан Блажески