На Твитер се појавија фотографии за кои многумина тврдат дека претставува финален изглед, т.е. усвоен прототип на идниот АјФон 8 на Епл.
Ова го тврди и познатиот ЈуТјубер Сафван Ахмедми кој вели дека се работи за први фотографии на она што наскоро ќе стане еден од нај очекуваните смартфони во 2017 година. Тоа што можеме сигурно да го кажеме е дека претставениот прототип одговара на многу шпекулации како што е речиси 100-отстотниот дисплеј преку предниот дел на телефонот, двојната камера и убедливо привлечниот дизајн.
Исто така интересно е и дека прикажаните фотографии во себе содржат сличен уред на тој кој во април беше презентиран како еден од можните решенија на Епл.