Во следните денови врнежи од дожд, најинтензивни во вторник

Од:

Под влијание на влажни воздушни бранови, во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи.

За денеска се очекуваат повремени врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а поинтензивни процеси со пообилни врнежи ќе има во јужните делови од земјата. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира.

Утре врнежите ќе бидат локални и послаби, но повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни врнежи локално во форма на невреме се очекуваат во вторник.

Од среда ќе биде посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски