Пратеникот и технички министер Тодоров потпиша договор за нов Клинички центар, до него седеше Груевски

Од:

Избраниот пратеник и техничкиот министер за здравство, Никола Тодоров потпиша договор за изградба на нов Клинички центар во Скопје, во вредност од 72 милиони евра.

Договорот беше потпишан во свечената сала на Владата, а до Тодоров седеше некогашниот премиер, а сега само лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тодоров, по потпишувањето на договорот, не одговори на новинарските прашања во кое својство го потпишал договорот.
ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година вети дека ќе изгради нов Клинички центар, а тој требаше да биде готов во 2014.

Најавата за изградба на скопскиот Клинички центар од тогаш ја следат години низа скандали. Објавени се неколку тендери, сумата растеше, и кога мандатот за Влада го доби Заев, а ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција се потпиша договорот.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка