Почна координацијата кај Вељаноски

Од:

Во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски претпладнево почна координативната средба на која треба да се разговара за динамиката и деблокирањето на донесувањето на буџетот на Република Македонија за 2013 година.

На кооринацијата, покрај првиот човек на законодавниот дом Вељаноски, присуствуваат и потрпретседателите на Собранието Јани Макрадули и Сузана Салиу, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ, Силвана Бонева, Игаор Ивановски и Талат Џафери, претседателката на Законодавно-правната комисија Благородна Дулиќ, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов и неговиот заменик Горан Мисовски, како министрите за финансии Зоран Ставрески и за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. На координативната средба нема претставник на ДПА.

Вељаноски ја закажа координацијата по вчерашните инциденти на седниците на Законодаво-правната и на Комисијата за финансирање и буџет на кои се разгледуваше Буџетот за 2013 година. Власта ја обвинува опозицијата дека со многубројните поднесени амандмани го бликира донесувањето на буџетот со што се доведуваат во прашање функционирањето на државата и исплатата на пензиите, социјалната помош, земјоделските субвенции, како и платите на админситрацијата. Опозицијата, пак, бара да се прифати нивниот предлог за скратување на трошењата од буџетот за дадат зелено светло за државната каса за 2013 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година