Има нешто мазохистичко во овој народ, доколку тој се персонализира преку ликовите на Билјана Ванковска и Солза Грчева. Додека го газиш и понижуваш, постојано нешто мрмори, негодува и се противи, но кога ќе дојде моментот да се ослободи, тогаш жали по тиранинот. Нивното заземање на еднаква дистанца и кон Груевски и кон Заев, по принципот сите се исти, значи само дека професорките заборавиле на сето зло што нѝ беше нанесено во последниве десет години – од антиквизацијата, гипс-барокот, до гушењето на слобода на изразување, монтираните судски случаји, мистериозни убиства, непотизам, некомпетентност, корупција и грабеж на државни пари.
Нивниот резигниран став е последица на повредената им суета: тоа се тип на луѓе кои имаат многу високо (највисоко) мислење за самите себе, навикнати се на отворена сцена или јавен настан секогаш да бидат први, главни, најумни, а никогаш втори или уште полошо маргинализирани. Затоа, личната сатисфакција ја наоѓаат во тоа ако не се први, тогаш ќе бидат надвор од групата или движењето, без разлика колку и да е исправно тоа, за повторно да се едни и единствени, но не затоа што се некаква интелектуална авангарда, туку што се сами, осамени.
Србите би рекле “кривом к…у и длаке сметају”, а Ерика Јонг, во својот најпознат роман, во кој ја разоткрива женската психа, “Страв од летење”, ќе напише дека секоја жена потајно посакува да има во кревет гестаповец бидејки тој во нејзините фантазии претставува груб, доминантен и насилен маж. Ова е моето рационално објаснување на ирационалните ставови на Грчева и Ванковска, сега кога се сруши режимот на Груевски, тие мазохистички солзи да леат и тагуваат по газењето и да посакуваат и новите да бидат исти како старите.
Трето е да имаат некаква лична корист од своето јавно глупирање.
Д-р Ненад Живановски