Утре не очекува сончево и потопло време, температури до 28 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност. Температурата ќе се движи од 23 до 30 степени.

Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува в недела. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер што ќе услови повторно намалување на температурата за околу 5 до 7 степени и ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени.

И во почетокот на наредната недела во попладневните часови времето ќе биде променливо и нестабилно со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст и ќе се движи во интервал од 18 до 24, а во вторник и среда од 20 до 27 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски