Градењето куќа обично бара многу време и пари, поради што многу градежници се одлучиле да автоматизираат барем дел од процесот. Украинската компанија PassivDom користи робот за 3D печатење, кој може да направи делови за помали куќи.
Роботот на Passiv Dom може „да испечати” ѕидови, покрив и под на куќа со големина од 35 квадратни метри за само осум часа. По завршетокот на автоматскиот процес, работниците вградуваат прозорци, врати, цевки и електрична инсталација.
Кога целосно ќе се завршат, куќите се автономни и мобилни, не им треба поврзаност со електрична мрежа и канализација бидејќи соларната енергија се складира во батерии, а отпадните води се собираат и филтрираат. Куќата поседува независен систем за канализација. Почетната цена на куќата на компанијата Passiv Dom изнесува 31.900 долари, а можат да ја порачаат купувачи во Украина и САД. Поскапите модели се опремени со мебел. Првите достави се очекуваат кон крајот на оваа година.