А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Акција за поголема безбедност на велосипедистите во Кочани

by А1он17/05/2017 - 16:02130
Share0

Полициската станица Кочани од денеска почна со спроведување акција за подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот за поголема заштита и безбедност на велосипедистите.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во соработка со Ротари клубот Кочани – Виница службени лица од ПС Кочани на неколку локации во градот на велосипедистите, учесници во сообраќајот им делеа флаери „Возач сум треба да знам“ и флуоресцентни елеци кои велосипедистите потребно е да ги носат, особено навечер поради поголема видливодст на патот и со тоа да си обезбедат поголема заштита.

– На иницијатива на Полициската станица Кочани, ние како Ротари клуб Кочани – Виница дадовме поддршка на оваа акција чија цел е подигнување на свеста кај велосипедистите за поголема безбедност во сообраќајот, но и за поголема промоција на велосипедот како превозно средство. И понатаму ќе ги поддржуваме сите акции на полицијата и на другите институции, рече Венко Лазаров, член на Ротари клуб Кочани – Виница.

Акцијата е дел од програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност во патниот сообраќај на Кочани и ќе трае до крајот на мај.

Следете a1on на Youtube YouTube
kocani

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:2401/09/2026 - 14:40

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 18:18

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 15:16

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он06/06/2026 - 12:5006/06/2026 - 12:32

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:1726/05/2026 - 14:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео