Што стои во гаранциите кои ги бараше и доби Иванов?

Од:

Зоран Заев, мандатарот за состав на Влада, на чинот на добивање на мандатот од Ѓорге Иванов јавно пред медиумите ја прочита изјавата со гаранциите што ги барал Иванов.

„Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија.

Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија.

Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничка, верска и национална припадност.

Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност од други држави.

Ниеден документ платформа, декларација, акт или дејство, спротивни на погоре наведените ставови не можат да бидат услов, ниту основа за формирање и дејствување на влада на Република Македонија“, пишува во писмената изјава потпишана од Заев која денеска му беше предадена на Иванов“, пишува во писмената изјава потпишана од Заев, која денеска му беше предадена на Иванов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот