Тренерското трио на чело со Мирко Петрески во улога на селектор на националниот состав до 20 години во машка конкуренција го скрати списокот на кошаркари кои се повикани за селективен тренинг.
Оваа генерација (М20) од машката конкуренција прва ќе ги започне своите активности. Првиот собир е закажан за 6 јуни, а Европското првенство (Дивизија Б) на кое ќе настапат е закажано за периодот од 14 – 23 јули во Орадеа, Романија.
Повикани се :
1.Леонид Тодоровски – МЗТ Скопје
2.Петар Прентовиќ – МЗТ Скопје
3.Дамјан Робев – Вардар
4.Георги Зафиров – ФМП Академија
5.Блажо Митков – Вардар
6.Бојан Серафимов – Вардар
7.Дејан Србиновски – Вардар
8.Михајло Митев – Вардар
9.Виктор Ефремовски – Работнички
10.Андреј Маслинко – Работнички
11.Ранко Мамузиќ
12.Никола Талевски – Пелистер
13.Ненад Димитријевиќ – Хувентуд (Шпанија)
14.Елвис Хот – Словенија
15.Димитар Пандев – Италија
16.Стеван Глигоријевиќ – АВ Охрид
17.Оливер Двојаковски – Шпанија
18.Давид Георгиев
19.Петар Огњеновиќ
20.Оливер Тасков – Италија
21.Андреј Атанасовски – Соколи
22.Филип Ѓоргиевски – Соколи
23.Филип Стојановски – Бол фор лајф.
Селективниот тренинг ќе се одржи во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“) со почеток во 11:00 часот.